Баерн Минхен вчера на „Етихад“ на првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ беше поразен од Манчестер Сити со 3:0. Секако дека има и реванш во Минхен, не треба да се отпишуваат Германците, но сепак разликата е голема.
Инаку денеска топ вест во врска со “баварците“ е она што го направил нивниот доктор Роланд Шмид, инаку кардиолог.
Имено во авионот кој требало да полета назад кон Минген, на едно лице му се слошило, добил срцец напад, а Шмид веднаш реагирал и го спасил од сигурна смрт тоа лице кое потоа било однесено во болница.
Токму и затоа летот на експедицијата на Баерн доцнел нешто повеќе од еден час.
Во медиумите во Германија, докторот на Баерн се опишува како вистински херој.