Единствениот кој беше исвиркан на „Етихад“ синоќа: За Кансело веќе нема место во Сити

399

Жоао Кансело синоќа беше единствениот фудбалер кој доби симфонија од свирежи на стадионот „Етихад“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Кансело ги одигра последните десет минути од мечот, а доби бројни свирежи од трибините. Причината секако е што Пеп Гвардиола го испрати на позајмица во Баерн по расправијата што ја имаа на тренинг. Расправијата се случи на тренингот во пресрет на куп натпреварот против Арсенал, кога португалскиот ас дозна дека нема да биде стартер. Незадоволен од одлуката на Пеп, тој луто реагираше и се закани дека ќе си замине, по што Гвардиола му кажа дека е слободен да избере нов клуб, а „ветувањето“ го исполни неколку дена подоцна кога го испрати во Баерн.

Кансело, кој има договор со „граѓаните“ до летото 2027 година, има мали шанси следната сезона да се врати на „Етихад“ и затоа е поизвесно дека ќе биде продаден.

ПретходноФ8 АБА 2: Пелистер бара сензација против најдобриот сезонава
СледноЛШ: Европскиот шампион голем залак за Челзи, на Наполи му „лежи“ „Сан Сиро“