Задоволен од одличниот резултат на првиот четврфинален меч со Бенфика, тренерот на Интер Симоне Инзаги, откри дека тој и неговиот тим учат од критиките на јавноста за начинот на кој се одвиваа работите за клубот во последните недели. Италијанскиот стручњак одби да го нарече триумфот клучен за пласман во полуфиналето, бидејќи има уште 90 минути од битката која следува во Италија.
„Сигурно играчите одиграа голем натпревар на многу жежок стадион. Задоволен сум од борбата. Тоа е само прво полувреме, но во Европа покажавме дека можеме да играме добро. Свесни сме дека имаме аванс, но ништо не е готово. Немавме успех на последните натпревари, но игравме добро. Има многу замор кај играчите, но ќе мора да бидеме подготвени за уште едни 90 минути. Знаевме дека создаваме шанси и дека ќе се промени нашата среќа. Ги слушаме и читаме критиките кои имаат кредибилитет, ги учиме лекциите“, вели Инзаги.