Капитенот на Барса се откажува од две третини од платата само да потпише нов договор!

586

Серхио Бускетс (34), но и Барселона сакаат соработката да ја продолжат. Искусниот играч за врска и капитен на каталонската гордост се во интензивни преговори за потпишување на нов или продолжување на постоечкиот договор кој истекува во јуни.

Бускетс има и други понуди, како од С.Арабија така и од МЛС во САД, но негова желба е и натаму да остане на “Камп Ноу“, па и затоа се согласил да му се намали платата за две третини, само да добие нов договор.

Познато е дека досега Бускетс земаше 12 милиони евра по сезона, а со новиот договор би земал само 4 милиони евра.

ПретходноЈуниор КВ го победи Голден Арт, Вардар Неготино убедлив против Радовиш
СледноНов скандал во Франција: Тренерот на ПСЖ обвинет дека барал тим без црнци и муслимани