ЛШ: Европскиот шампион голем залак за Челзи, на Наполи му „лежи“ „Сан Сиро“

244

Вечерва не очекуваат уште две четвртфинални пресметки на патот до полуфиналето во Лигата на шампионите. По одличните два меча синоќа, денеска нова неизвесност не чека во Мадрид и Милано.

Трета последователна сезона Реал Мадрид и Челзи се соочуваат во нокаут фазата од Лигата на шампионите на УЕФА. И како и сите добри трилогии, двата тима имаат по една победа, па сега одат на нов триумф за превласт. Токму Челзи го зададе првиот удар во полуфиналната фаза во сезоната 2020/21 година, пред Реал да одговори во четвртфиналето минатата сезона. Интересно е што и во двата наврати, победникот од тие пресметки потоа стануваше европски шампион.

Френк Лампард ќе биде третиот менаџер на „сините“ кој ќе го води клубот во ЛШ оваа сезона, по Томас Тухел и Греам Потер. И додека задачата да се соочат со актуелниот европски шампион изгледа како „мисија невозможна“, лондончани во мечот влегуваат непоразени во шест натпревари во Лигата на шампионите против актуелните шампиони (две победи и четири ремија), што е најдолгата серија досега без пораз против актуелните носители на пехарот.

Карло Анчелоти ќе остане без повредениот лев бек Ферланд Менди, а под знак прашалник е Давид Алаба. Лампард, пак, нема да може да ги користи повредените Сезар Аспиликуета и Армандо Броја, додека Мејсон Маунт и Тиаго Силва се под знак прашалник.

МОЖНИ СОСТАВИ:

РЕАЛ (М): Куртоа; Карвахал, Милитао, Ридигер, Алаба; Модриќ, Камавинга, Крос; Валверде, Бензема, Винисиус Џуниор

ЧЕЛЗИ: Кепа; Џејмс, Фофана, Кулибали, Чилвел; Ковачиќ, Фернандез, Канте; Стерлинг, Хаверц, Феликс

Пред нешто повеќе од една недела, Милан на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го запрепасти Наполи совладувајќи го со 4-0. Тоа беше резултат што никој не го очекуваше и му даде голема самодоверба на тимот на Пиоли во пресрет на ова четвртфинале од Лигата на шампионите. Наполи е на чекор до Скудетото во Серија А и тоа за нив е примарна цел. Ако успеат во ЛШ да стигнат до завршницата ова ќе биде една незаборавна сезона за Неапол.

Ова ќе биде прва средба меѓу Милан и Наполи во европските натпреварувања, но домашните имаат лош учинок против Наполи во сите натпреварувања. Екипата на Стефано Пиоли победи само на една од последните девет средби на домашен терен против Наполи, а таа победа беше во четвртфиналето на Купот на Италија во сезоната 2018/19 година.

Наполи за првпат во својата историја се пласираше во четвртфиналната фаза на Лигата на шампиони што е една непозната територија за нив. Милан, пак, стигна до четвртфиналната фаза за првпат по 2011/12 година кога беше елиминиран од Барселона. Наполитанците го имаат најдобриот напад во Италија, но вечерва ситуацијата ќе биде поинаква бидејќи ќе останат без својот најдобар стрелец Виктор Осимен. Напаѓачот има 25 гола на 29 натпревари оваа сезона, но се уште е повреден. Дури и неговата замена Џовани Симеоне се повреди на последниот меч со Лече, па и тој нема да игра. Милан нема посебни проблеми со тимот. Францускиот дефанзивец Пјер Колие, кој се опоравува од повредата на потколеницата, вчера тренираше со тимот и Пиоли ќе ја процени неговата состојба за денешниот натпревар.

МОЖНИ СОСТАВИ:

МИЛАН: Мањан; Калабрија, Томори, Кјаер, Ернандез; Тонали, Круниќ, Бенасер; Дијаз, Леао; Жиру

НАПОЛИ: Мерет; Ди Лоренцо, Ким, Рахмани, Руи; Ангиса, Лоботка, Желински; Лозано, Распадори, Кварацхелија

ПретходноЕдинствениот кој беше исвиркан на „Етихад“ синоќа: За Кансело веќе нема место во Сити
СледноБОГАТА ПОНУДА НА ЕДИНСТВЕНАТА ЛЕГАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ИГРИ НА СРЕЌА- 2WIN.MK