„Мајсторка“ под притисок: Јанта Волеј и Наковски Волеј играат за финале

290

По викенд случувањата во Струмица на вториот натпревар од плеј-офот и вчера изречените казни од Одбојкарската федерација на Македонија, попладнево (17.30 часот – МРТ3) во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје ќе се одигра третиот меч од полуфиналната серија во плеј-офот кај дамите меѓу екипите на Јанта Волеј и Наковски Волеј.

Актуелниот резултат во серијата е 1:1, што значи дека денешниот натпревар ќе биде одлучувачки за тоа која од вие две екипи ќе игра во големото финале. Јанта Волеј ја има предноста на домашниот терен каде веќе остварија една победа, додека струмичанки доаѓаат охрабрени по триумфот на домашен терен во обид да го изненадат вицешампионот на негов терен.

Победникот ќе закаже финална серија со актуелниот првак Работнички, кој синоќа и во вториот меч со Фит Фан Волеј оставри победа (3:1) и со тоа веќе си го обезбеди местото во финалето, каде ќе ја има и предноста да почне (и евентуално да заврши) на домашен терен.

ПретходноСлавен Билиќ кандидат за нов тренер на Барди во Трабзонспор
СледноФ8 АБА 2: Пелистер бара сензација против најдобриот сезонава