МЗТ Скопје бара поддршка за дуелот со Цибона: Полна сала за полно срце и победа за Аеродром, Скопје и Македонија!

223

Во петок од 18 часот во салата “Јане Сандански“, МЗТ Скопје го игра веројатно решавачкиот меч за опстанок во АБА лигата и тоа против Цибона, некогашниот европски гигант, европски шампион.

Секако дека само победа на “металците“ им одговара, а до нејзе да се дојде ќе треба и максимална поддршка од трибините.

Токму затоа денеска од таборот на нашиот шампион побараа максимална поддршка со потсетување на деновите од пред 13 години кога Аеродром “гореше“, посетување на некои денови кога клубот, како и сега беше во преден план, се разбира со додаток на текстот во тогашниот весник “Македонски спорт“ потпишан од Марија Ковачева.

Убави денови тоа беа, а во петок одново нека “гори“ Аеродром.

А еве на што “металците“ потсетуваат:

Луѓето кај нас брзо забораваат некои работи, тоа е генерален проблем со кој се соочуваме како народ. Оваа слика е направена пред точно 13 години што како временска рамка и не е така далеку.

Во изминатиот период актерите на овој настан се оженија, добија деца, други се отселија, некои се вратија, голем дел се успешни луѓе, а за жал некои од нив и не се веќе со нас. Во тој период МЗТ Скопје израсна во уште поголем клуб збогатувајќи ја ризницата трофеи со преку 20 парчиња, и сите ние сме директни виновници на некој начин за тие успеси.

Сепак, вреди да се потсетиме дека требаше да се помине многу трнлив пат додека се стигне до тоа ниво и токму од тука (и секако цела таа сезона) штркот ги рашири крилјата и не планира уште долго време да ги спушти. Затоа, иако сега борбата не е за трофеј туку за опстанок, натпреварот со Цибона ќе има буквално исто па дури за некого и поголемо значење.

Не се предадовме тогаш, нема ни сега! Полна сала за полно срце и голема победа за Аеродром, Скопје и Македонија.

May be an image of 2 people

ПретходноКате Милеска дел од селекција на САД!
СледноДокторот на Баерн е вистински херој! (ФОТО)