Лука Модриќ години и години е главниот “мотор“ на Реал Мадрид, на најголемиот клуб во светот. На тимот со кого освои се што може, но сепак Модриќ е искусен, да не кажеме ветера а познато е како Флорентино Перез се однесува со нив. Има бројни примери од Раул па се до Рамос.
На Хрватот договорот му истекува во јуни, но од Дон Флорентино сеуште нема назнака за продолжување на истиот.
Во меѓувреме клубови од С. Арабија веќе доставиле понуда до Лука, а една е вредна 60 милиони евра за две сезони.
Сепак од Модриќ одговорот бил- НЕ, имено тој посакува да остане на “Сантијаго Бернабеу“ и тука да ја заврши својата фантастича кариера.