Најавите се остварија: Дијамантот стартер на “Сан Сиро“!

344

Она што се најавуваше од вчера и се оствари. Елиф Елмас, нашиот Дијамант е стартер во тимот на Наполи на “Сан Сиро“ каде што наполитанците играат со Милан вечерва од 21 часот во првиот дуел од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите.

Секако дека ова е убава вест и за Елмас, од кого сите ние очекуваме уште една одлична партија и ако може барем еден гол во мрежата на домашниот состав.

Е, па сега спектаклот може да почне.

Во вториот меч се среќаваат Реал Мадрид и Челзи.

ПретходноМодриќ одбил понуда од 60 милиони евра, сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид!
СледноБитолчани демолирани: Хелиос го згасна големиот сон на Пелистер!