Прилеп со минимален триумф над Скопје

68

Екипата на Прилеп со 19-18 го совлада Скопје и со тоа направи чекор напред во борбата за опстанок во Суперлигата. До крајот на плеј-аутот остануваат уште пет кола, а Скопје со овој пораз се најде во групата од три екипи кои грчевито ќе се борат за опстанок.
Прилет е трет на табелата во плеј-аутот со 20 бода исто колку и Куманово на второто место. Скопје е при дното со 12 бода, еден помалку од Вардар Неготино и од Јуниор Кисела Вода.
Кај домашниот тим Реваз Чантурија постигна 6 гола, а Христо Бикоски даде четири. Во Скопје, Дамјан Јакимовски и Леонид Киселовски постигнаа по пет гола.

ПретходноИнтересно: Последните четири меча на Канте за Челзи се со четири различни тренери
СледноПОЛУВРЕМЕ: Милан и Реал Мадрид со предност (видео)