Реал пресилен за овој Челзи и е на чекор до полуфиналето (видео)

222

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид продолжува до успешните резултати во Лигата на шампионите. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ четата на Карло Анчелоти го совлада Челзи со 2:0 во првиот меч од четвртфиналето во елитното клупско натпреварување.
Лондончани дојдоа со големи мотиви, со нов тренер Френк Лампард, а сопственикот Тед Боли дури најави и победа во Мадрид. Но тоа не се случи, излезе дека мадридскиот тим, сепак, е посилен од овој Челзи.
Карим Бензема го отвори резултатот во 22 минута. Гостите во 59 минута играа и со фудбалер помалку поради директниот црвен картон на Бен Чилвел поради прекршок. А во 74 минута Марко Ансенсио, три минути откако влезе во игра, ги постави конечните 2:0. Имаше Реал неколку добри шанси на мечот пред голот на Асенсио. Алаба од слободен удар за малку не погоди, а и Лука Модриќ имаше убав шут од далечина кој заврши сантиметри над голот.
Реваншот се игра на „Стемфорд Бриџ“, а Реал има одлична предност.

ГОЛОТ НА БЕНЗЕМА НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА АСЕНСИО НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноТренерот на Севиља на натпреварот со Ман. Јунајтед: Како да ми се паднал џекпот
СледноЕлмас стартер, а Наполи разочаран го напушти „Сан Сиро“ (видео)