Славен Билиќ кандидат за нов тренер на Барди во Трабзонспор

106

Хрватскиот фудбалски стратег Славен Билиќ е многу блиску до клупата на турски Трабзонспор. Според информациите од Турција, Билиќ треба да го преземе тимот во кој настапува нашиот Енис Барди и тоа во скоро време, затоа што преговорите меѓу двете страни се во тек.

Претседателот на Трабзонспор ги потврди преговорите со Билиќ истакнувајќи дека тој е само еден од тренерите со кои преговараат.

„Точно е дека имавме средба со Билиќ. Во моментов сме во преговори со неколку тренери. Преговорите напредуваат со некои од нив“, изјави Доган.

Трабзонспор игра просечно оваа сезона, а моментално го зазема само шестото место на табелата. Билиќ е без работа откако доби отказ од Вотфорд, а го поврзуваат и со репрезентацијата на Украина.

ПретходноФудбалер се самозапали бидејќи бил неправедно обвинет за тероризам
Следно„Мајсторка“ под притисок: Јанта Волеј и Наковски Волеј играат за финале