Агенција за млади и спорт преку Европска недела на спортот во Македонија и проектот BeActive, финансиран од Европската комисија, а имплементиран од АМС од 2018 во изминатите два дена организира конференција под името “Промоција на македонскиот спорт во медиумите”.
За првпат во Македонија е организирана прес-конференција на која е потенцирано значењето на спортските медиуми за развојот и промоцијата на спортот. На истата присуствуваа претставници од традиционалните и он-лајн медиуми, кои како главен дел од спортот функционираат без никаква поддршка ниту од државата, ниту од приватниот бизнис сектор или ниту пак од европскиот фонд.
Новинарите преку дискусии ги посочија проблемите со кои се соочуваат, особено оние кои функционираат без никаква поддршка, поточно се приватна сопственост, а истовремено се релевантен фактор во спортот во Македонија.
Поддршка покрај директорот на Агенцијата за млади и спорт, добија од истакнати спортски работиници, Гордана Нацева, Стевче Алушовски, Љуљзим Вранези, како и од деканката на акултетот за физичка култура, спорт и здравје, Ленче Алексовска.