Низар Аисауи, 35-годишен туниски фудбалер, се самозапали пред полициската станица Хафуз во провинцијата Каируан. Според агенцијата АНСА, фудбалерот бил префрлен во болницата Аглабити во Каируан за подоцна да биде примен во центарот за изгореници Бен Ароус.
Непосредно пред да се самозапали, Аисауи објави видео на Фејсбук (кое подоцна беше цензурирано) во кое објаснува дека одлуката да се самозапали ја донел откако бил „неправедно обвинет во случај за тероризам“.
Низар Аисауи во текот на неговата кариера играше за повече туниски клубови.