Потврдени се најлошите можни вести за тимот на Манчестер Јунајтед кога станува збор за Маркус Рашфорд.
Напаѓачот поради повредата здобиена на последниот дуел ќе мора да паузира неколку недели и ќе ги пропушти клучните дуели на тимот сезонава.
Првично тоа е мечот против Севиља во четврток на домашен терен во рамките од Лигата на Европа, како и реваншот седум дена подоцна.
За време на викендот пак, Јунајтед пак оди на гостување кај Нотингем Форест и ќе се обиде да земе клучни бодови сезонава во Премиер лигата, и конечно, следува и полуфиналето од ФА купот против Брајтон.
Сето ова нема да биде достапно за Рашфорд чија што повреда на мускулот ќе бара пред се мирување, а потоа и третман, за конечно и мини рехабилитација па враќање на терените.