Попладнево во меч од 9.коло во плеј – аут ракометната лига, екипата на Јуниор КВ на свој терен успеа да го победи составот на Голден Арт со 22:18, бодови кои се од голема важност во битката за опстанокот.
Гостите имаа свои минути, во неколку наврати и водство, но сепак кога беше најпотребно, во последната фаза од средбата, тимот на Јуниор КВ знаеше како треба да одигра и да дојде до важен триумф.
Симоноски со 8 голови беше најефикасен кај победничкиот тим, додека кај гостите Милошески со 6 голови беше најдобар стрелец.
Во вториот дуел од плеј – аут лигата во Суперлигата, Вардар Неготино со 33:22 убедливо го доби составот на Радовиш. Неготинци во текот на целиот меч го диктираа резултатот, имаа и водство на пауза со 15:12.
Во второто полувреме се разиграа, од минута во минута ја зголемуваа разликата за да на крајот резултатот гласеше 33:22.
Адамовиќ за Вардар Неготино постигна 10 голови, а Ацев имаше 15 одбрани. Додека кај гостите се истакна Трајанов со 6 голови.