45 гола во една сезона: Халанд испиша нова историја

218

Норвешкиот „бомбардер“ Ерлинг Халанд испиша историја во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Имено, голгетерот на Манчестер Сити синоќа го запиша својот 45 гол во сите натпреварувања во актуелната сезона што досега не му успеало на ниту еден фудбалер од Премиер лигата.

Манчестер Сити го совлада Баерн во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, а стрелец на третиот гол на тој натпревар беше Халанд.

Со оглед на тоа што до крајот на сезоната има уште многу натпревари, Халанд ќе има шанса и да го подобри рекордот до крајот на сезоната.

ПретходноБаерн првпат загуби во нокаут-фазата по 7 години, Тухел вели дека добро се забавувал
СледноТаму каде е Роналдо нема мир: Ал Наср го избрка тренерот Гарсија