Битолчани демолирани: Хелиос го згасна големиот сон на Пелистер!

172

Пелистер не успеа да го направи чекорот напред за пласман во АБА лига. Македонскиот тим во четвртфиналето на завршниот турнир во второлигашката конкуренција е совладан од Хелиос со убедливи 101-47.

Избраниците на Марјан Илиевски не беа ниту близу до победата, мечот го загубија уште во првото полувреме. Во составот на Пелистер недостасуваа неколку играчи Карутерс, Карпентер и Масилнко.

Противникот влезе со голема самодоверба, по тројката на Пелистер поведе со 12-3, а на крајот на првата четвртина имаше двоцифрени 24-12.

Хелиос не застана тука, во втората четвртина постигна 32 поени, а прими само 12. Пред одморот беше 56-22.

Оваа негатива беше преголема за Пелистер, кој беше немоќен и во продолжение, на стартот на третата четвртина беше 67-29, резултат кој го најави патникот во полуфиналето.

Битолчани останува својата шанса да ја бараат следната сезона доколку успеат да се изборат за место.

Сеад Хаџифезовиќ постигна 17 поени во таборот на Пелистер.

ПретходноНајавите се остварија: Дијамантот стартер на “Сан Сиро“!
СледноЈуниор КВ го победи Голден Арт, Вардар Неготино убедлив против Радовиш