Чуда се случувале по мечот синоќа на „Етихад“ во соблекувалната на Баерн Минхен, имало и тепачка и тоа меѓу Садио Мане и Лирој Сане. Имено караницата почнала уште за време на натпреварот со Сити, кога во една ситуација Сане не го проиграл Мане а овој вториот веднаш реагирал.
А подоцна во соблекувалната, по тој пораз од 3:0, нервозата експлодирала и завршила со физички напад на Мане врз Сане, прво го турнал а потоа и го удрил во пределот на лицето, односно устата.
Оваа вест ја пренесува “Билд“, а засега од Баерн Минхен нема реакција.