Кате Милеска преку својот ментор Влатко Андоновски, селекторот на Женската фудбалска селекција на САД од прва рака и дирекно ја следеше работата и подготовката на селекција на САД за пријателските натпревари против Ирска. Ова е голем чекор и искуство на нашата Катерина која како селектор на У17 направи историски успех и беше дел од најдобрите 24 селекции во Европа за девојчиња до 17 години.