Јанта Волеј славеше со убедливи 3:0 (26:24, 25:17, 25:20) во “мајсторката” против Наковски Волеј во полуфиналната серија од домашниот одбојкарски плеј-оф и обезбеди пласман во финалето.
По озборуваниот втор меч во Струмица, кој го одбележија и неколку инциденти, денеска во Скопје и двата тима во мечот влегоа под голем притисок, а на крајот подобро подготвени беа домашните одбојкарки, кои успеаја да дојдат до втората победа во серијата за место во финалната битка за титулата.
Во финалето ќе гледаме реприза на минатогодишната серија во која Работнички беше подобар од Јанта Волеј. И двата тима со свои амбиции ќе влезат во финалната рунда, а предноста на меч повеќе на домашен терен ќе ја имаат шампионките, Работнички.