Повремениот француски репрезентативец осуден на шест месеци затвор

354

Фудбалерот на Монако и повремен француски репрезентативец Висам Бен Једер пред шпанскиот суд е осуден на условна шестмесечна затворска казна поради затајување на данок. Освен тоа, Судот во Андалузија го казни со 133.000 евра кои ќе мора да ги плати веднаш.
Законот во Шпанија кој се однесува на пријава на доходот и плаќање на данок се доста комплицирани и често на играчите им се случува несвесно да не ја извршат таа должност. Нешто слично им се случи на Лео Меси, Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо, Анхел Ди Марија…
Бен Једер нема да оди во затвор под услов во наредните две години да не ја прекрши условната кана.
Инаку Бен Једер за Франција има одиграно 19 натпревари.

ПретходноПобеднички танц на Интер во Лисабон (видео)
СледноАтланта и ЛА Лејкерс обезбедија место во плеј-офот (ВИДЕО)