Јунајтед без Рашфорд во клучниот дел од сезоната

169

Потврдени се најлошите можни вести за тимот на Манчестер Јунајтед кога станува збор за Маркус Рашфорд.

Напаѓачот поради повредата здобиена на последниот дуел ќе мора да паузира неколку недели и ќе ги пропушти клучните дуели на тимот сезонава.

Првично тоа е мечот против Севиља во четврток на домашен терен во рамките од Лигата на Европа, како и реваншот седум дена подоцна.

За време на викендот пак, Јунајтед пак оди на гостување кај Нотингем Форест и ќе се обиде да земе клучни бодови сезонава во Премиер лигата, и конечно, следува и полуфиналето од ФА купот против Брајтон.

Сето ова нема да биде достапно за Рашфорд чија што повреда на мускулот ќе бара пред се мирување, а потоа и третман, за конечно и мини рехабилитација па враќање на терените.

 

ПретходноБОГАТА ПОНУДА НА ЕДИНСТВЕНАТА ЛЕГАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ИГРИ НА СРЕЌА- 2WIN.MK
СледноГенијалноста на Гвардиола: Од Стоунс направи центархалф, десно крило, бек…