Антиќ: Ја гледам Звезда на врвот во АБА-лига!

511

Првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ се најде во центарот на вниманието во српските медиуми. Не е тајна дека тој е навивач на Црвена Звезда, тим за кого настапуваше во својата кариера, а секоја можна шанса ја користи од лице место да ја поддржи. Својата љубов кон овој клуб, Антиќ се обидува да ја пренесе и на своите деца.

Тој за тамошните медиуми изјави дека ја гледа Звезда на тронот во АБА-лига.

„Звезда имаше шанси оваа сезона, се надевав дека ќе се пласира во Топ 8 во Евролигата, но важно е да покаже карактер до крајот на сезоната. Следува Јадранската лига и домашното првенство, а како и секогаш Звезда цели кон трофеи. Ја гледам Звездата на тронот. Да не звучи како клише, но Звезда има квалитет, Кампацо е во тимот и сите знаат колку му недостигаше. Полека се креваат. Покажаа карактер да играат натпревари кои не се важни“, изјави Антиќ.

Пред стартот на претпоследното коло во АБА-лига, Звезда е зад Партизан на минус три бода, но и меч помалку. Во Евролига игра денеска, на домашен терен го пречекува Фенербахче, во меч кој нема да смени ништо за место во Топ8.

ПретходноИ официјално Баерн Минхен го суспендира Садио Мане
СледноДрамата во Битола за Бутел