ЕВРОЛИГА: Звезда го совлада Фенербахче, a Реал падна во Тел Авив

251

Koшаркарите на Црвена Звезда го победија Фенербахче во салата „Александар Николиќ“ со 91:89 во рамките на 34 коло на Евролигата. Мечот беше неизвесен и се играше речиси два часа (со продолженија), а и едните и другите имаа подобри и лоши периоди.
Најефикасен кај Звезда беше Факундо Кампацо со 23 поени, еден помалку постигна Огњен Добриќ, додека Лука Вилдоса постигна 17 поени.

На другата страна Џонатан Мотли постигна 24 поени.

На другите натпревари Алба го победи Лион со 88:71. Во италијанското дерби Виртус Болоња славеше над Олимпија Милано со 89:84.
Oлимпијакос ја совлада Басконија со 86:78, а во маратонски меч Макаби Тел Авив го урна Реал Мадрид со 100:96 по продолжението. Кај Реал најефикасни беа Јабулесе со 25 односно Џанан Муса со 20 поени. Кај Макаби Лоренцо Браун постигна 22 поени.

ПретходноЈовиќ: Заслужена победа! Знаеме дека Алкалоид е одличен проект, победата на Вардар е доказ за тоа!
СледноСевиља со два гола во финишот го замолкна „Олд Трафорд“, Јувентус славеше над Спортинг