Ново блескаво издание на Алкалоид, Пелистер се спаси во Автокоманда!

1720

Дуелот меѓу Алкалоид и Пелистер во рамките на 9. коло во плеј-офот заврши со победа на битолчани од 27-28. Гостите се спасија буквално, во претпоследниот напад ја обезбедија победата со која останаа во живот, поточно во игра за титулата. На другата страна Алкалоид ја заврши својата неверојатна серија од шест триумфи во низа.

Хосни, Хенеберг и Васиљев постигнаа по шест гола кај гостите, Симоноски и Митев имаа по пет гола, Серафимов застана на четири.

Како што се очекуваше дебитантот уште еднаш се покажа како тврд противник, испрати порака дека секој ќе треба да се испоти за да го победи, а дека триумфот над Вардар не беше случаен.

По 1-3 за Пелистер на стартот на мечот, период во кој Серафимов промаши од седум метри, и 4-6, избраниците на Кирил Лазаров со серија од 4-1 дојдоа до прво водство од 8-7 во 11 минута. Ракометарите на Алкалоид не застанаа Симоноски од седум метри и Пековски зголемија на 10-8, беше и 11-9, 13-11. По оваа позитива од два гола битолчани фатија ритам, искористија промашувања и грешки на противникот и го вратија водството на 14-13 во 27 минута. На одморот беше 15-16.

Пелистер првиот гол во второто полувреме го постигна во 37 минута за 17-17, на другата страна домаќинот не успеа да дојде на плус два, Симоноски промаши од седум метри. Мал пад во играта на Алкалоид беше доволна причина за да битолчани дојдат на плус два во 42. минута (18-20) иако Галевски имаше две важни одбрани.

Во 50. минута, Пелистер за првпат поведе со три гола разлика (21-24). Три минути подоцна, Митев (два гола) и Симоноски израмнија на 24-24 во 53. минута, Галевски им одбрани седмерец на гостите.

Мечот влезе во неизвесна зваршница, се играше гол за гол, со тоа што резултатот го бркаше Алкалоид. Во 57. минута при 26-27, домашниот тим направи пробивање, Пелистер не искористи да дојде на плус два, Пековски изрмани на 27-27. И двата тима направија грешки, претпоследниот напад беше за Пелистер, Хененберг стрелаше за 27-28, останаа пет секунди за Алкалоид, недоволно време за реми.

ПретходноХрватскиот шампионат е на сосема друго ниво, Динамо од Ријека купува играч за шест милиони евра
СледноПелегрини промаши пенал, Вајфер казни – Феенорд ја победи Рома