Алкалоид го сака „скалпот“ и на Е. Пелистер

503

Младите ракометари на Алкалоид кој пред две кола направија вистинска сензација со победата над шампионот Вардар, денеска во рамките на дербито на 9. Коло од домашната Суперлига ќе се обидат да му го земат „скалпот“ и на вицешрвакот Еурофарм Пелистер.

Дербито на колото се игра вечерва од 19 часот во салата во Автокоманда, местото на кое пред неполни две недели паднаа „црвено-црните“. Момците предводени од селекторот Кире Лазаров ќе се обидат да направат уште една сензација која може да ги вивне во битка и за титулата на домашната суперлигашка сцена.

Со смената на тренерското место Е. Пелистер заигра подобро, веќе стигнаа и победите, па останува да се види како битолчани ќе се снајдат на незгодното гостување во Автокоманда.

Покрај овој меч денеска како најава на дерби пресметката ќе се одиграат уште два меча. Охрид ќе го предизвика шампионот Вардар во Скопје од 16.30 часот, а половина час претходно ќе се одигра и дуелот меѓу Е. Пелистер 2 и Бутел.

РАКОМЕТ, СУПЕРЛИГА – 9 КОЛО

16.00 Е. Пелистер 2 – Бутел

16.30 Вардар – Охрид

19.00 Алкалоид – Е. Пелистер

Претходно„Марка“ открива: Роналдо се карал со Гарсија во соблекувалната, па му „спакувал“ отказ
СледноШкендија и ГОК Борец вечерва во битка за финале