АС: Ансу Фати и Феран Торес се на излезна врата од Барселона

199

Со оглед на фактот Барселона како клуб, ќе го спаси нормалното функционирање во моментов, само ако продаде некои од играчите и оствари фифнансиска добивка, пишувањето на денешен АС дека од Ноу Камп летово си заминуваат Ансу Фати и Феран Торес е сосема реален.

Настапите на Фати иТорес се далеку од блескави оваа сезона. Фати постигна 7 гола на 41 натпревар, а Феран Торес 6 гола на 37 настапи.

Иако клубот во оваа фаза ги демантира информациите, двајцата играчи се фаворити за заминување, особено ако се земе предвид дека спортската управа на Каталонците летово ќе вложи големи напори да го засили нападот на тимот.

Заминувањето на Фати ќе биде една од тешките одлуки за Барселона , особено поради младоста на играчот и неговата желба да продолжи со тимот. Сепак, барањата и јавните изјави на неговиот татко беа толку невкусни за клубот што агентот на младиот, Жорге Мендеш, доби дозвола да бара понуди од 40 милиони евра.

ПретходноВардар рутински против Охрид
СледноДел Пјеро: Моето срце чука за Јувентус, а сите во Италија го мразат клубот (ВИДЕО)