Баерн Минхен го обезбеди своето прво засилување за следната сезона. Играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Конрад Лајмер го потпишал договорот со Баварците, пишува „Билд“.
25-годишниот Австриец се обврзал на верност кон германскиот хегемон до летото 2027 година. Тој доаѓа како слободен играч од РБ Лајпциг.
Поранешниот тренер на Баварците ЈЏулијан Нагелсман беше заинтересиран за потписот на Лајмер, а клубот дури и се обиде да го ангажира минатото лето. Сепак, тогаш „биковите“ одбија 20 милиони евра за правата на својот играч.