Баерн (М) крена раце од Мане: Сенегалецот си оди од Минхен по само една сезона?!

436

По само половина сезона во дресот на Баерн (М), Садио Мане веќе нема иднина во Баерн! Ваква вест денеска пласираат германските медиуми, која доаѓа ден по скандалот во соблекувалната на германскиот шампион по натпреварот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Мане не ги оправда очекувањата, особено по тешката повреда пред Светското првенство во Катар. Од враќањето, тој најмногу стартуваше од клупата, а на девет настапи нема постигнато ниту еден гол.

Навивачите веќе се „шегуваат“ дека Сенегалецот има повеќе тепачки со соиграчите отколку голови во 2023 година. По најновиот инцидент новинарот Флоријан Плетенберг, вели дека малкумина во тимот веруваат дека Мане ќе остане во клубот и следната сезона.

„Баерн Минхен едноставно не може да прифати такво однесување. Едноставна казна не е доволна, клубот сака да даде пример и да им даде предупредување на другите. Со Тухел сакаа да добијат тренер каде вакво нешто нема да биде случи. Силно се сомневам дека Мане има иднина во Минхен и следната сезона“, пишува Плетенберг.

ПретходноТемни облаци над „Стемфорд Бриџ“: Челзи има повеќе порази од победи оваа сезона, а гол не дал веќе 4 меча
СледноИџе подготвен за Европа