Џејмс Родригез го раскина договорот со Олимпијакос, само седум месеци по доаѓањето во клубот и два месеци пред истекот на истиот. Пред клубот да го потврди заминувањето на колумбискиот напаѓач, грчките медиуми објавија дека двете страни не можат да се договорат за продолжување на соработката иако посетоело опција за тоа. Родригез за Олимпијакос за седум месеци забележа 24 настапи, пет гола и шест асистенции.
Родригез во текот на својата кариера настапуваше за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн, Евертон и катарскиот Ал Рајан. Неговиот трансфер од Порто во Монако во 2013 година изнесуваше 45 милиони евра. Една година подоцна, откако беше погоден играч на Мундијалот во Бразил и најдобар стрелец со шест гола, Реал му плати 75 милиони евра. Во тоа време тоа беше четвртиот најголем трансфер во историјата на фудбалот.
Колумбиецот не се снајде најдобро во Реал, каде за четири сезони одигра 117 натпревари и постигна 36 гола. За Баерн настапи на 67 натпревари и постигна 15 голови. Сега, според Трансфермаркт, тој вреди девет милиони евра.