ГОК Борец ја доби “мајсторката” во Тетово и закажа финале со Струмица Н.

450

ГОК Борец ја совлада Шкендија со 3-2 во Тетово во “мајсторката” од полуфиналната серија од разигрувањето во македонската машка одбојкарска лига.

По голема борба и со пресврт, велешани се изборија за финале против шампионот Струмица Никоб.

Тетовци тргнаа добро и ги освоија првите два сета со 25:12 и 25:22, а потоа ГОК Борец предводен од Волков и од Димовски направи целосен пресврт. Откако во третиот сет го добија со 25:22, велешани доминираа со 25:12 во четвртиот сет, а во решавачкиот тај-брејк стигнаа до 15:10 за победа.

ПретходноЛК: Фиорентина веќе го гледа полуфиналето, реми меѓу Базел и Ница
СледноШчесни: Се е во ред со мене, но навистина се исплашив бидејќи не можев да дишам (ВИДЕО)