И официјално Баерн Минхен го суспендира Садио Мане

6934

Откако стана јасно дека шпекулациите за тепачката на Садио Мане и Лирој Сане се вистинити и точни, јавноста во Германија „збесна“ и бараше одговори од раководството на Баерн Минхен за ваквото ужасно однесување по мечот во Лигата на Шампионите против Манчестер Сити.

Одговорот пристигна денеска откако клубот и официјално го суспендираше Садио Мане, кој е очигледно кривецот за инцидентот и тој нема да е во конкуренција за дуелот против Хофенхајм следниот викенд.

Садио Мане нема да биде вклучен во тимот на Баерн за овој саботен натпревар на домашен терен против Хофенхајм. Ова се должи на неговото недолично однесување по натпреварот на Баерн од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. На Мане ќе му биде изречена и парична казна“ – информира раководството на Баерн Минхен.

Германската јавност е шокирана од однесувањето на Мане кој во Минхен пристигна како сериозно засилување, но не покажа ништо.

Многу веројатно дека неговата авантура во Баварија ќе биде многу кратка, затоа што целата соблекувална се свртела против него.

 

 

 

ПретходноБеше најдобар стрелец на Светското првенство во 2014, а сега остана без клуб!
СледноАнтиќ: Ја гледам Звезда на врвот во АБА-лига!