Манчестер Ј. и Севиља денеска ќе го одиграа можеби и најинтересниот меч од четвртфиналната понуда на натпревари во Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ на својот стадион го пречекуваат најтрофејниот тим во ова европско натпреварување. Англичаните веќе успеаја да исфрлат два шпански тима во натпреварувањето, откако тоа го сторија со Реал Бетис во осминафиналето, и претходно со шпанскиот гигант Барселона. Ова ќе биде четвртипат како Манчестер Јунајтед и Севиља ќе се соочат еден против друг, а интересно, Севиља никогаш претходно не загубила и има скор од две победи и едно реми.
Под водство на Ерик тен Хаг, Манчестер Јунајтед сака тројна круна. Тие веќе го освоија Лига купот, влегоа во полуфинале на ФА Купот, па следно е полуфинале и во ова натпреварување.
Во останатите дуели денеска од четвртфиналето се среќаваат Феенорд – Рома, Баер (Л) – Ројан Унион и Јувентус – Спортинг.
МОЖНИ СОСТАВИ:
МАНЧЕСТЕР Ј.: Де Геа; Далот, Варан, Мартинез, Маласија; Касемиро, Фред, Фернандес; Ентони, Марсијал, Санчо
СЕВИЉА: Боно; Монтиел, Баде, Гудељ, Акуња; Фернандо, Ракитиќ; Окампос, Торес, Ламела; Ен-Несири