Се чини дека Кристијано Роналдо повторно се втурна во една типична приказна за него во последните години – конфликт со главниот тренер. „Марка“ објави информација дека францускиот стратег Руди Гарсија кој вчера доби отказ од клупата на Ал Наср, всушност заминал од оваа позиција поради тоа што Роналдо бил незадоволен од него.
Од клубот официјално велат дека тој бил отпуштен од Ал Наср затоа што изгубил контрола над соблекувалната. Според „Марка“, по мечот со Ал-Фајха на нашиот Александар Трајковски (0:0) во соблекувалната на тимот дошло до конфликт меѓу Роналдо и главниот тренер. Причината е лошиот резултат, лошата форма и недостигот на напредок. На ова следувала итна реакција од управата која го поддржала Роналдо (упатените јавуваат дека имал лична средба со газдите на клубот). Како резултат на тоа, се формираше заедничко мислење – Гарсија не дава спортски резултати и генерално не одговара на амбициозниот план на проектот.
Шпански „Ас“ пишува дека Кристијано активно учествува во изборот на нов тренер. Ал-Наср го контактирал Жозе Мурињо, ветувајќи му дека ќе го направи најплатен менаџер во светот. Прелиминарните податоци за плата се околу 100 милиони евра по сезона со двегодишен договор.