Надал ја пропушта и Барселона, само за да биде подготвен за Ролан Гарос

149

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најверојатно нема да игра ниту на турнирот во Барселона следната недела, пишува „Марка“.

Во текстот посветен на опоравувањето на Надал од повредата, „Марка“ тврди дека шансите освојувачот на 22 Грен слем титули да се појави на турнирот во Барселона се 10 отсто.

Надал одлучил дополнително да работи на опоравување за да биде стопроцентно подготвен за најважниот турнир во сезоната – Ролан Гарос, каде на крајот на мај и почетокот на јуни ќе се обиде да ја освои својата 15-та титула.

Информациите велат дека Надал ќе му се врати на тенисот на 26 април, на Мастерсот во Мадрид.

ПретходноЕлмас стартер, а Наполи разочаран го напушти „Сан Сиро“ (видео)
СледноЧикаго и Оклахома направија голем чекор до плеј-офот (ВИДЕО)