Николиќ се враќа за најважниот АБА дуел: Имаме само една опција!

499

МЗТ Скопје утре на домашен терен го игра најважниот меч оваа сезона. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува Цибона во рамките на последното коло од регуларниот дел. Актуелниот македонски првак нема право на грешка, мора да победи, а веќе следниот ден да чека триумф на Будуќност на Борац Чачак, едниственото сценарио кое носи надеж за опстанок.

На клупата на МЗТ Скопје се враќа Драган Николиќ, кој поради коронавирус го пропушти мечот во Сплит.

„Играме против Цибона, квалитетен тим кој и покрај многуте проблеми пред почетокот на сезоната успеа рано да избори опстанок. Тренерот Јосип Шесар одлично го води тимот, кој го освои и Купот во Хрватска, исполнувајќи ги своите цели и во тешка ситуација, со оглед на неуспесите со кои се соочи во текот на сезоната. За нас, пак, постои само една опција за ова натпреварување, а тоа е победа со која ќе останеме само во игра за опстанок во АБА-лигата. Ќе дадеме се од себе тоа да се случи и покрај кадровските проблеми со кои се соочуваме“, рече Николиќ. 

Натпреварот со Цибона е закажан во 18 часот, а вратите на салата се отворени.

ПретходноБаерн (М) го доведе првото засилување за следната сезона
СледноКој сака да готви во Алкалоид, кое е третото дете на Благојче Трајкоски, кој сака да ги викне Џордан и Роналдо? (ВИДЕО)