Холандски Феенорд ја победи Рома со 1:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. Мечот можеше да има и понаков правец ако Лоренцо Пелегрини погодеше од белата точка во 43 минута. Тој ја погоди стативата по што на полувреме се отиде без голови.
Во 54 минута играчот за врска Матс Вајфер со убав шут ja затресе мрежата на римјаните (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ). Во 63 минута гостите можеа да го изедначат резултатот меѓутоа играчот на Феенорд Идриси блокираше шут на гол линијата.
Така Феенорд обезбеди предност пред реваншот на „Олимпико“ во Рим.