Феенорд ја совлада Рома со 1:0, а освен тој меч се одиграа и другите три од четвртфиналето на Лига Европа. Белгиски Ројал Унион направи мала сензација со тоа што одигра 1:1 на гостувањето кај Баер Леверкузен.
Победе Ројал со голот на Бонифејс во 51 минута, а изедначи Флоријан Вирц во 83. минута. Па одлуката за патникот понатаму ќе се решава во Белгија.
А на „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед имаше предност од 2:0 над Севиља и ја прокоцка во финишот на мечот.
Австрискиот репрезентативец Марсел Забицер ги постигна двата гола за Јунајтед во првото полувреме поточно во 14. и 21. минута, а во финишот на мечот најтрофејниот во ЛЕго изедначи резултатот. Прво намали Хесус Навас во 85 минута, а Ел Несири обезбеди реми со гол во 90+3 минута. Несири шутираше со глава топката удри во несреќниот Мегваер и го измами голманот за конечни 2:2.
Андалузијците имаат голема шанса со триумф на реваншот да отидат понатаму.
ПРВИОТ ГОЛ НА ЗАБИЦЕР НА ОВОЈ ЛИНК
ВТОРИОТ ГОЛ НА ЗАБИЦЕР НА ОВОЈ ЛИНК
ГОЛОТ НА ЕЛ НЕСИРИ НА ОВОЈ ЛИНК
А Јувентус со голот на дефанзивецот Федерико Гати славеше над Спортинг Лисабон со 1:0. Вредна победа на „Старата дама“ после турбулентната сезона и скандалите во Серија А, меѓутоа се уште е отворено на овој меч затоа што за Спортинг овој резултат е достижен.
ПОБЕДНИЧКИОТ ГОЛ НА ЈУВЕНТУС НА ОВОЈ ЛИНК