Ѓоковиќ збесна во Монте Карло, публиката го исвирка (видео)

465

Во осминафиналето на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа интересен меч во кој победник беше Италијанецот со 1:2 во сетови (6:4, 5:7, 4:6). Во вториот сет српскиот тенисер влезе во „клинч“ со судијата. Го налути негова одлука, при што беше во право.

Ѓоковиќ го повика судијата да провери каде паднало топчето по удар на Музети. Главната судијка не виде добра трага и поенот остана за Италијанецот. А ТВ-снимката покажа дека Ѓоковиќ бил во право, дека топчето завршило надвор од теренот.

Расправијата со судијата траеше една минута, а за тоа време Ѓоковиќ беше исвиркан од публиката во Монте Карло. Во третиот сет мечот беше прекинат поради дожд, но продолжи по што српскиот тенисер го загуби дуелот.

ПретходноНагелсман ќе се сретне со раководството на Челзи
СледноХрватскиот шампионат е на сосема друго ниво, Динамо од Ријека купува играч за шест милиони евра