Јовиќ: Заслужена победа! Знаеме дека Алкалоид е одличен проект, победата на Вардар е доказ за тоа!

350

Пелистер благодарение на Хенеберг успеа да дојде до триумф на гостувањето кај Алкалоид во рамките на деветото коло во плеј-офот и да остане во игра за трофејот. Битолчани наидоаа на силен отпор од страна на младите ракометари на Алкалоид, но на крајот нивното искуство пресуди, се снајдоа многу подобро од својот директен конкурент за тронот.

„Мислам дека овој меч ќе им биде од голема корист на двете екипи, знаеме дека Алкалоид има млади играчи, но и кај нас денеска настапија неколку млади ракометари за кои искуството од ваков неизвесен меч ќе биде драгоцено за во иднина. Ние знаевме дека Алкалоид е одличен проект, самата победа со Вардар е јасен доказ за нивниот квалитет, јас им посакувам да продолжат вака и понатаму. Знаевме дека не чека тежок натпревар, добро се подготвивме и мислам дека заслужено победивме“, ни изјави Јовиќ, кој заедно со својот тим се врати во позиција да се бори за титулата.

„Да бидам искрен, сега пред нас е најголемиот христијански празник, одиме дома да го прославиме со семејствата, а потоа ќе размислуваме за се останато“, истакна стратегот на Еурофарм Пелистер.

ПретходноЛазаров: Пресуди искуството! Од ваков пораз може многу да се научи!
СледноЕВРОЛИГА: Звезда го совлада Фенербахче, a Реал падна во Тел Авив