Британија и Р. Ирска се големи фаворити за домаќини на Евро 2028

74

Велика Британија и Република Ирска се големи фаворити да ја добијат организацијата на Европското првенство во фудбал во 2028 година. Тие вчера ја поднесоа официјалната кандидатура, а во трка за домаќин на овој европски собир е и Турција.

Вчера истече рокот за пријавување на земјите кои сакаат да го организираат ЕП 2028. Најголемо внимание привлече апликацијата на Велика Британија и Република Ирска, кои се главни фаворити и најверојатно ќе ја добијат битката со Турција.

Британците и Ирците предложија 10 стадиони на кои би се играле натпреварите на ЕП по 5 години. Одлучено е да се игра на шест стадиони во Англија и по еден во Република Ирска, Северна Ирска, Шкотска и Велс. Но, бидејќи Англија има многу добри стадиони, некои мораа да бидат изоставени од списокот. Во списокот на стадиони на кои би се одржало ова ЕП се најдоа:  Ст. Џејмс Парк (Њукасл), Етихад (Манчестер), Вила Парк (Бирмингем), Гудисон Парк (Ливерпул), Вембли (Лондон), Вајт Харт Лејн (Лондон), Принципати (Кардиф), Хемпден Парк (Глазгов), Кејсмент Парк (Белфаст) и Авива Даблин (Даблин).

ПретходноШкендија и ГОК Борец вечерва во битка за финале
СледноЛЕ: Манчестер Ј. против најтрофејниот во Лигата на Европа, Јуве домаќин на Спортинг