Дел Пјеро: Моето срце чука за Јувентус, а сите во Италија го мразат клубот (ВИДЕО)

185

Легендата на италијанскиот фудбал, како и на тимот на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро во интервју дадено деновиве изјави дека казната која што му е доделена на клубот сезонава, односно одземањето на бодовите е од проста причина што сите во Италија го мразат клубот од Торино.

„Да, секако дека ме боли кога го гледам хаосот во клубот, мислам дека бев навивач на Јуве, уште пред да играм во тимот. Поминав 19 години таму, минав низ голема криза во 2006 година. За тимот да го обновиме, ќе треба многу време пред да се вратиме и повторно да освоиме трофеј“, рече Дел Пјеро па додаде.

„Ја пропуштив Лигата на шампионите, пропуштив можности, пропуштив многу работи, но никогаш не се каам за тоа што го направив. Сега го гледам тимот и  сочувствувам со играчите, знам како можат да се чувствуваат во оваа ситуација кога не знаеш што ќе се случи, чудно е, тешко е.Затоа велам дека им оди одлично од она што гледам“, изјави легендарниот Италијанец. На прашањето дали ќе се врати во Јувентус овојпат како функционер тој рече.

„Дел Пјеро претседател на Јуве? Има многу гласини, се разбира, од моментот кога се вратив на стадионот, одлично е како навивачите го извикуваа моето име. Не сум тука да кажам да или не се разбира, како што реков претходно, моето срце е сè уште таму. Кога ќе поминете 19 години таму…тоа беше најголемиот дел од мојот живот… па гледам на она што се случи во Јуве од друга перспектива. Дали сум способен да го направам тоа? Зависи од многу работи, не можеш сам да размислуваш за улогата, мора да изградиш тим заедно, дури и со клубот. Во овој момент има многу работи кои мора да се направат во клубот, така што тоа е визијата што треба да ја имаат сите, вклучително и јас“, додаде Дел Пјеро.

 

ПретходноАС: Ансу Фати и Феран Торес се на излезна врата од Барселона
СледноНагелсман ќе се сретне со раководството на Челзи