Елмас: Ќе направиме пресврт на нашиот стадион, а судењето беше многу чудно

411

Елиф Елмас синоќа одигра 90 минути за Наполи во поразот од Милан во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Нашиот репрезентативец по мечот даде изјава за италијанските медиуми во која меѓу другото зборуваше и за новата улога која ја доби во тимот синоќа, на центарфорската позиција.

„Можеме да направиме пресврт на нашиот стадион. Мислам дека добро се најдов како прв напаѓач. Кога пристигнавме овде, знаевме дека Милан е силен тим. Одигравме добар натпревар, ќе мора да го повториме и на Марадона. Сите натпревари се тешки и ќе недостасуваат важните играчи“.

На прашањето за судиската арбитража на мечот, Елмас додаде:

„Не знам што да кажам за судењето, тоа е неверојатна работа. Судијата ги казни сите наши играчи, а и тие правеа исти фаули како нас, но останаа без жолти картони. Нешто досега невидено. Поради тоа и бевме нервозни на теренот до одредена точка“.

ПретходноАнчелоти урна два рекорди во ЛШ, еден беше на Сер Алекс Фергусон
СледноТемни облаци над „Стемфорд Бриџ“: Челзи има повеќе порази од победи оваа сезона, а гол не дал веќе 4 меча