Лазаров: Пресуди искуството! Од ваков пораз може многу да се научи!

548

Алкалоид беше на чекор најмалку до реми, но и до нова сензационална победа. Дебитантот добро му се спротистави на далеку поискусниот состав на Пелистер, на крајот мечот заврши со минимална победа на гостите од 27-28.

Битолчани со триумфот останаа во игра за титулата и воедно ставија крај на серијата на Алкалоид од шест победи во низа.

Кирил Лазаров и неговите момци можат да жалат за пропуштениот бод, но имаат право да бидат горди бидејќи одиграа уште еден добар меч, кој за жал го загубија поради неискуството.

„Мене ми е драго што еве и кога ќе загубиме, губиме многу тесно со ривал како Еурофарм Пелистер, со квалитетни играчи ширум Европа и целиот свет. Мислам дека на крајот пресуди искуството, бевме блиску… не велам дека победата на Еурофарм не е заслужена, напротив, јас им честитам, но немаше да биде незаслужено и доколку конечниот исход беше поинаков. Од ваков пораз дефинитивно може многу да се научи, многу ни значат вакви натпревари против силни ривали, гледате дека и целокупното првенство е максимално интересно, што е одлично за македонскиот ракомет. Со вакви силни и неизвесни натпревари, македонските играчи можат уште повеќе да напредуваат“, ни изјави по мечот Кирил Лазаров. 
ПретходноИ Олимпијакос го „шутна“ Родригез
СледноЈовиќ: Заслужена победа! Знаеме дека Алкалоид е одличен проект, победата на Вардар е доказ за тоа!