Нагелсман ќе се сретне со раководството на Челзи

120

Поранешниот тренер на Баерн Џулијан Нагелсман е поканет на личен состанок од шефовите на Челзи , каде што ќе може да го претстави проектот и неговата визија за тимот, пренесува „Билд“.

Нагелсман, кој беше отпуштен од германскиот шампион на крајот на март, е меѓу главните кандидати за функцијата во лондонскиот тим откако „сините“ се разделија со Греам Потер. Засега до крајот на сезоната на чело е легендата на клубот Френк Лампард. Германскиот стручњак се поврзуваше и со тренерската позиција во Тотенхем.

Другиот главен кандидат за менаџер на Челзи , поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, веќе ја претстави својата програма на клубот минатата недела. Се зборува дека оставил добар впечаток, а некои медиуми дури и шпекулирале за претстојниот договор меѓу него и „сините“ од Лондон.

ПретходноДел Пјеро: Моето срце чука за Јувентус, а сите во Италија го мразат клубот (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ збесна во Монте Карло, публиката го исвирка (видео)