Очајната сезона за Челзи никако да доживее некаков пресврт. Ниту тренерската промена не донесе ништо ново, па „сините“ од Лондон продолжуваат да бележат негативна стстистика која ќе остане уште долго време запишана на историските страници.
Челзи со синоќешниот пораз од 2:0 на гостувањето на кај Реал (М) веќе има повеќе порази отколку победи во тековната сезона. Поразот во првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите беше 16-ти за Челзи во сезоната.
„Сините“ победија на 15 меча, а на 10 одиграа нерфешено. Вкупно, Челзи оваа сезона постигна 41 гол во сите натпреварувања, а прими 44 гола. Исто така, интересно е што тимот од Лондон не успеа да постигне гол на 4 натпревари по ред. Овен синоќа, лондончани немаа постигнато гол и на средбите со Вулверхемптон (0:1), Ливерпул (0:0) и Астон Вила (0:2). Последен пат Челзи имаше ваква серија во ноември 1993 година.