Чикаго и Оклахома направија голем чекор до плеј-офот (ВИДЕО)

112

Кошаркарите на Оклахома и Чикаго обезбедија победи за пласман во последната рунда која може да ги однесе во плеј-офот во НБА лигата. Во плеј-ин делот синоќа, Оклахома го победи тимот на Њу Орлеанс со 123:118, додека Чикаго славеше на гости против Торонто со 109:105.

Најзаслужни за гостинската победа на Оклахома беа Александер со 32 поени, Џош Гиди со 31 поен, 10 асистенции и девет скока и Лу Дорт со 27 поени.

Мечот беше решен во самиот финиш, во кој екипите се менуваа во водство. Оклахома со оваа победа сега ќе игра со Минесота за влез во првото коло од плеј-офот на НБА лигата. Победникот го чека дуел со Денвер.

Чикаго се уште е во игра за плеј-оф, откако се врати од негатива од 19 поени на гостински терен за победи над Торонто. Булси ќе се борат со Мајами за место во плеј-офот, а победникот од тој дуел ќе се соочи со најдобриот тим на Истокот, Милвоки.

Најдобар во редовите на Чикаго синоќа беше Зак Лавин со 39 поени, а Демар Дерозан постигна 23 поени.

ПретходноНадал ја пропушта и Барселона, само за да биде подготвен за Ролан Гарос
СледноСпалети е задоволен и со поразот во Милано: Одигравме одлично, но имаме план за реваншот