Иако е ѕвезда и игра во ПСЖ: Хакими 80 насто од платата и ја давал на својата мајка!

619

Ашраф Хакими, еден од најдобрите бекови во светот на фудбалот е пред развод, и тоа на барање на неговата сопруга Хиба Абук, откако тој се најде во секси – скандал.

Секако дека Мароканецот со оглед на тоа дека игра за ПСЖ заработува големи пари, и тоа 12 милиони евра годишно, и секако дека неговата сопруга со право бара од него големо богатство.

Но, тука за нејзе има еден проблем.

Имено Хакими дури 80 насто од своите примања ги депонирал на сметката на својата мајка, Садија Мут. Уште поинтересно е дека сите недвижнини, станови, автомобили, куќи и слично, па дури и накитот, кои Хакими ги купувал, не биле на негово име туку на неговата мајка.

Ова значи дека Хиба ќе добие само “ситниш“ од богатството на Ашраф.

ПретходноНБА не простува, Далас доби огромна парична казна!
СледноМагичен кам-бек на МЗТ Скопје, Цибона падна во „Јане Сандански“ (ФОТО)