По Стефанос Циципас настапот во Монте Карло го заврши и Данил Медведев. кој беше совладан од Холгер Руне со 0-2 во сетови во меч кој траеше 78. минути.Во првиот сет данскиот тенисер не виде голема мака го доби со 3-6, додека во вториот видовме поголема борба со неизвесна завршница во која Медведев при 4-4 ја загуби контролата и му го препушти триумфот на противникот за пласман во полуфиналето.
Руне ќе игра против подобриот од последната четвртфинална двојка меѓу Синер и Мусети.